Минатата година ширум светот се продадени рекордни 6,6 милиони електрични возила

47

Продажбата на електрични автомобили во светот, вклучително и целосно електрифицирани и plug-in хибриди, се удвои во 2021 година, достигнувајќи нов рекорд од 6,6 милиони, се вели во  извештајот на Меѓународната агенција за енергија (IEA) „Преглед на глобален пазар на електрични возила“.

Кина имаше удел од една половина од вкупната светска продажба на електрични автомобили со 3,3 милиони единици, додека продажбата во Европа се зголеми за 65% до 2,3 милиони минатата година, пренесува агенцијата Анадолија.

Така, вкупниот број на електрични автомобили на патиштата низ светот се зголеми на 16,5 милиони возила до крајот на 2021 година.