Mindy – апликација за деца со недостаток на внимание и хиперактивност

36

mindi

Фото: Mindy

Mindy е апликација наменета за деца кои имаат проблеми со синдромот (ADHD), што подразбира недостаток на внимание и хиперактивност, а нејзин дизајнер е Стефан Бранковиќ од Србија. Апликацијата преку потрага по богатство, на децата им овозможува да развиваат когнитивни способности и физичка активност, пишува Netokracija.

“Преку играта, што не само што ја стимулира физичката активност (без разлика дали е одење, трчање или спорт), ги тренира когнитивните функции и им овозможува да ја подобрат меморијата, вниманието, способноста за решавање на проблемите и им помага да се изгради богата невронска мрежа на мозокот кај децата“, вели Бранковиќ.

Mindy е апликација за паметни телефони, засега достапна само за iOS оперативен систем, што им овозможува на децата од седум до 14 години да одат од едно до друго место и да вршат задачи кои се дел од мисијата. Овие задачи, според Бранковиќ, можат да ја спасат принцезата од змејот, да ги фатат ограбувачите, да ги победат пиратите или нешто слично што би можело да биде интересно за децата, а е моделирано врз тестови што психолозите од целиот свет ги користат кога работат со деца кои имаат ADHD.