Научниците на Универзитетот MIT развија нов навигациски чип, Navion, којшто може да се собере во дрон со големина на пчела, пишува Engadget. Чипот е со големина од 0,07 цм2, и енергетска ефикасност од 24 мегавати, со што е доволно моќен и да обработува снимки со брзина од 171 слика во секунда.
Овој чип на научниците, практично им успеа од вториот обид, бидејќи и претходно го користеа истиот дизајн, но моќноста беше само 2 вати, затоа конечната верзија на Navion е направена со максимирање на протокот при минимизирање на износот на податоци кои чипот ги складира во било кое време.
Првиот фокус на употреба на минијатурниот чип засега е негово тестирање во минијатурен тркачки автомобил, а дури потоа ќе следи изработка на регуларен дрон, па дури потоа мини дрон со големина на пчела.
Инаку, оваа технологија не е ограничена само на дронови кои летаат. Може да се искористи и за создавање на паметни апчиња, или било кое друго возило кое треба долго да лета со само едно полнење на батеријата.
Фото: MIT University