Минијатурен чип ќе овозможи создавање на дронови со големина на пчела

148

Научниците на Универзитетот MIT развија нов навигациски чип, Navion, којшто може да се собере во дрон со големина на пчела, пишува Engadget.  Чипот е со големина од 0,07 цм2, и енергетска ефикасност од 24 мегавати, со што е доволно моќен и да обработува снимки со брзина од 171 слика во секунда.

Овој чип на научниците, практично им успеа од вториот обид, бидејќи и претходно го користеа истиот дизајн, но моќноста беше само 2 вати, затоа конечната верзија на Navion е направена со максимирање на протокот при минимизирање на износот на податоци кои чипот ги складира во било кое време.

Првиот фокус на употреба на минијатурниот чип засега е негово тестирање во минијатурен тркачки автомобил, а дури потоа ќе следи изработка на регуларен дрон, па дури потоа мини дрон со големина на пчела.

Инаку, оваа технологија не е ограничена само на дронови кои летаат. Може да се искористи и за создавање на  паметни апчиња, или било кое друго возило кое треба долго да лета со само едно полнење на батеријата.

Фото: MIT University