Научници од универзитетот во Станфорд, Калифорнија и лабораторијата SLAC, создадоа малечок уред во форма на црн четириаголник што ја користи сончевата светлина за да ја прочисти водата за само 20 минути, пишува Inhabitat.
Уредот е обложен со нано материјали на молибден дисулфид. Тенките структури се наредени една до друга, странично, па нивните краеви што личат на лавиринт се изложени на вода. Кога истиот ќе се стави во вода и потоа остави на сонце, реагира со двата извори на енергија и формира хидроген пероксид и други антибактериски хемикалии. За кратко време хемикалиите ги снемува и водата е дезинфицирана.
Причината поради која овој малечок уред функционира е тоа што молибденот дисулфид е еден вид фотокатализатор што ослободува електрони, што пак овозможуваат во водата да се случат хемиски реакции.
Сепак, затоа што сè уште е во развој, овој мал четириаголник може само да ја дезинфицира водата, но не и да ја филтрира. На уредот му се потребни дополнителни истражувања пред да се утврди кои точно бактерии можат да бидат елиминирани преку процесот.