Минималната бруто плата во Словенија ќе биде 1.024 евра

85

Словенечкиот министер за труд, Јанез Циглер најави дека оваа година минималната плата во бруто износ ќе биде зголемена од 941 на 1.024 евра, по состанокот со претставници на тамошните синдикати.

Ова се смета за втора најзначајна од осумте мерки во законот за економска помош во текот на пандемијата во Словенија, пренесуваат тамошните медиуми.

Новата формула за пресметка на минимална загарантирана заработка во Словенија одредува дека платата мора да биде најмалку 20, а но и не повеќе од 40% од минималните трошоци за живот.

Синдикатите не се задоволни со оваа одлука и предупредуваат дека со зголемувањето не е опфатено реалното зголемување на трошоците за живот од 2017 година, кога последен пат било пресметувани колку изнесуваат тие минимални трошоци.

Фото: Freepik