Министерството за информатичко општество и администрација најтранспарентно министерство во регионот

28

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е најтранспарентното министерство на Владата на Република Северна Македонија, со 82,24% од постигнатите критериуми на истражувањето на транспарентноста на владите во регионот.
Истражувањето за транспарентност ги анализираше владите на Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, кое беше презентирано денеска (вторник) на Конференцијата одржана во Подгорица, по повод Светскиот ден за слободен пристап до информации од јавен карактер. Според истражувањето, Владата на Република Северна Македонија е најтранспарентна во регионот, па дури и се смета за пример за другите земји.

Владата на Северна Македонија постигна рекордни 83,43% од критериумите поставени во областа на транспарентноста. Следува Босна и Херцеговина со 74,9%, потоа Црна Гора со 59,5 и Србија со 47,7% од максималниот број можни поени.

Водечката позиција за транспарентност ја имаат министерствата на Владата на Република Северна Македонија со 62% од дефинираните критериуми. Најтранспарентно од нив е Министерството за информатичко општество и администрација со 82,24% од постигнатите критериуми. Зад нејзе се Министерството за одбрана со 79,49% и Министерството за финансии со 77,65%. Министерството за внатрешни работи со 70,39% и Министерството за правда со 68,46% од дефинираните критериуми исто така се рангирани на високо ниво.

Административните тела се оценуваат со 40,57%, додека Парламентот со 68,15% од дефинираните критериуми. Според методологијата на истражувањето, регионалниот индекс на транспарентност го мери ефектот на извршната власт и парламентот, почитувајќи го принципот на добро управување, во четири принципи: транспарентност, пристапност, интегритет и ефективност.