МИОА доби CAF стандард

17

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е првата институција во Македонија која се стекна со CAF стандард и сертификат за ефективен CAF корисник.
CAF е стандард кој досега го имаат воведено 59 институции во Европа и со кој е определена рамка за заедничко управување.
“Овој стандард кој се однесува на реформите за јакнење на човечките ресурси го спроведуваат повеќе од 3.000 институции, а само 59 во Европа се стекнале со сертифакт”, рече министерот Ивановски.
Министерот истакна дека уште седум македонски институции ги завршиле потребните анализи за спроведување на овој стандард и тоа министерствата за транспорт и врски, труд и социјална политика, земјоделство, образование и наука, Државниот завод за статистика, како и градот Скопје.
Министерот информираше дека до крајот на оваа година овие институции ќе почнат со спроведување на стандардот, а за следната година се планирани уште 15 институции да почнат да работат по овој стандард.
Ивановски додаде дека сите институции се задолжени да го спроведат стандардот за квалитет ISO 9001 и дека оние кои нема да го сторат тоа ќе бидат канзети на тој начин што за функционерот глобата изнесува до 8.000 евра, а додека пак на задолжениот работник до 4.500 евра.
Со воведувањето на овие два стандарди во работата, додава Ивановски, ќе се подобри менаџирањето со државните институции, како и ќе се подобри квалитетот на нивата работа.