Мирабанк почнува со работа во Србија

29

mira bank

Мирабанк од Обединетите Арапски Емирати денеска најави дека почнува со работа во Србија и во најголем дел ќе биде ориентирана на давање услуги на компаниите, пишува Бета.

Претседателката на Извршниот одбор на Мирабанк, Илинка Росети, изјави дека банката е партнер од доверба на голем број успешни компании во светот, на кои им обезбедува нови деловни можности.

“Банката ги поддржува клиентите, им нуди високо професионални решенија и можности за вмрежување, придонесувајќи за иновативен развој на нивниот бизнис“, изјави Росети.

Основачкиот капитал на Мирабанк е 15 милиони евра и е прва директна инвестиција во банкарскиот сектор на Србија од 2008 година.

Банката е во сопственост на компанија од Холандија, која е дел од меѓународната Ројал Групација, чие седиште е во Абу Даби, а е присутна во повеќе земји од Блискиот исток, САД, Европа, Азија, Африка и Јужна Америка.