Миризлив бизнис – од извоз на парфеми земјава заработи скоро два милиони долари

248

Македонија е 73-та земја во светот по извоз на парфеми, со 1.997.000 долари, додека извозот минатата година во светски рамки достигна вредност од 19,6 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Неприкосновена на првото место се најде Франција, од каде лани се извезени парфеми во висина од 5,4 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници на парфеми лани беа и: Шпанија (2,3 милијарди долари), Германија (2,2 милијарди долари), САД (1,7 милијарди долари) и Италија (1,3 милијарди долари).

На регионално ниво, Хрватска има најголема заработка од продажба на парфеми на странски пазари – 42,5 милиони долари. Потоа следуваат: Бугарија (29,9 милиони долари), Грција (27 милиони долари) и Словенија (15,3 милиони долари).

Фото: Pixabay