Мишелин од Грција се сели во Романија

20

michelinФранцускиот производител на автомобилски гуми Мишелин објави дека ја затвора својата филијала во Грција и се префрла во нов административен центар во Букурешт, Романија.

Француската компанија во Грција е присутна преку 60 години со филијала за извоз, а официјално е основана во Грција во 1969 година.

Мишелин во своето соопштение што генералниот менаџер Дејвид Џин им го испрати на официјалните дилери наведува дека од Грција се префрла во Романија во рамките на процесот на реорганизација на операциите во централна и јужна Европа, пренесуваат грчките медиуми.

Мишелин вработува 113.400 луѓе ширум светот и произведува 166 милиони гуми годишно, како и 10 милиони мапи и туристички водичи.