„Мишлен“ крати 1.500 работни места во Франција: Администрацијата прва на удар

Францускиот производител на гуми „Мишлен“ ќе скрати 1.500 од своите 17.000 работни места во Франција во следните три години. Одлуката за намалување на бројот на вработени е донесена поради зголемените трошоци за енергија и производство воопшто, како и „еден од најлошите даночни притисоци во индустријализираните земји“.

Како што објасни компанијата, според француската новинска агенција АФП, две третини од планираните намалувања на работните места ќе бидат спроведени во администрацијата, а една третина во производството. Тие сметаат на доброволни заминувања, нема да има присилни отпуштања, пишува SEEbiz.

„Мишлен“ отпушти 1.200 работни места во 2024 година, кога затвори две фабрики во Франција. Извршниот директор на компанијата, Флоран Менего, минатата година откри дека и другите фабрики во земјата исто така работат лошо.

Производителот на гуми регистрираше приход од 6,2 милијарди евра во првиот квартал од оваа година, што е за 5,4 проценти помалку отколку во истиот период минатата година.