Мислав Галер нов извршен директор во оне.Вип

27

mislav-04

Телекомуникациската компанија оне.Вип го објавува назначувањето на Мислав Галер како нов извршен директор. Тој обврските на новата функција ќе ги преземе од октомври 2017 година и ќе го наследи Димитар Ковачевски, кој одлучи да ја напушти компанијата и да прифати нови предизвици надвор од оне.Вип и Кластерот, стои во соопштението.

Димитар Ковачевски останува во оне.Вип до крајот на годината со цел да помогне во веќе започнатите проекти коишто се однесуваат на зацврстување и позиционирање на брендот на  компанијата, а во исто време да овозможи непречено продолжување на операциите и пренесување на обврските на својот наследник.

оне.Вип ја искажува огромната благодарност до Димитар за неговата работа во компанијата и му посакува многу успех во неговата идна кариера.

Новиот извршен директор на оне.Вип, Мислав Галер доаѓа од позицијата постар директор за големи корисници и е член на менаџерскиот тим на Кластерот Хрватска и Македонија. Со големо искуство во сегментот продажба и извршувањето на раководни функции, Мислав се приклучи на  Випнет во 2012 година. Долгогодишното искуство на динамичниот хрватски пазар, познавање на бизнис трансформација како и на процесите при спојување на компании и продажни тимови, тој сигурно ќе даде голем придонес за уште посилно позиционирање на оне.Вип на македонскиот пазар.

оне.Вип му посакува добредојде на Мислав како нов извршен директор.