Митови поврзани со кариерата

60

kariera

Фото: Pixabay

Постојат многу митови на менаџерите и на вработените за кариерниот развој кои најчесто го ограничуваат кариерниот развој  и раст:

Митови на вработените

Мит 1 – Секогаш има место за уште еден човек на врвот.

Мит 2 – Клучот на успехот е да се биде на право место во вистинско време.

Мит 3 – Добрите подредени ќе станат добри претпоставени.

Мит 4 – Кариерното планирање и развој се работа на одделот за човечки ресурси, односно луѓе.

Мит 5 – Сите добри работи ги следат оние коишто работат прекувремено и напорно.

Мит 6 – Брзото напредување во кариерата е во голема мера благодарение на претпоставениот.

Мит 7 – Начинот да се напредува е да се одредат слабостите и потоа напорно да се работи да се поправат.

Мит 8 – Секогаш дадете сè од себе, без оглед каква е задачата.

Мит 9 – Мудро е да ги одвоиш приватниот од професионалниот живот.

Мит 10 – Тревата е секогаш позелена од другата страна на оградата.

Митови на менаџерите

Мит 1 – Кариерниот развој ќе креира нереално високи очекувања.

Мит 2 – Ќе бидеме пренатрупани со барања за напредување.

Мит 3 – Менаџерите нема да можат да држат темпо.

Мит 4 – Ги немаме подготвено сите потребни системи.