Фото: Kickstarter
Mitte е систем за прочистување на вода во домашни услови. Производот е дело на старт -ап, чиј тим се состои од 15 луѓе од 12 различни земји.
Системот прво ја прочистува водата преку метода базирана на дестилација, а потоа ја обогатува со есенцијални минерали. Тоа го прави со помош на филтри и на начин сличен како во природата кога водата тече низ карпите и попатно ги собира минералите.
Корисникот сам си одбира каква вода сака да пие, а ја регулира и температурата, од минимални пет до максимални 92 степени. Mitte нуди три различни видови вода: mitte® balance совршена за подготовка на бебешка храна, чај или кафе; mitte® vitality за оние кои сакаат да си ја подобрат менталната и физичката кондиција и mitte® alkaline вода со висока PH вредност богата со минерали и антиоксиданти што помага во борба против киселоста во организмот.
Системот ја прочистува водата од сите загадувачи и поврзан е со апликација за смартфон со којашто се следи секој сегмент на работењето. Секој резервоар произведува 400 литри прочистена, здрава вода, доволно да пие едно семејство од четири члена во период од три месеци.
Производот има своја кампања на платформата Kickstarter каде досега имаат собрано 144.674 евра, а потребни им се 75.000. Кампањата трае уште 27 дена.