МКхост прославува 10 години постоење

98

10 godini

МКхост официјално прославува 10 години од своето постоење. Со долгогодишната посветена работа која резултираше со доверба од корисниците, компанијата стана #1 хостинг провајдер и регистар на домени во Република Македонија, како и еден од најголемите брендови во онлајн индустријата во државата.

“Денес, МКхост е лидер во својата област, истовремено претставувајќи еден од клучните столбови, што овозможува проширување на македонскиот Интернет простор и развој на е – бизнисот. Преку повеќе промотивни и едукативни начини во изминативе години функционирање, МКхост ја поттикнува и информира пошироката македонска јавност на значењето и многубројните можности од поврзувањето онлајн и поседувањето на веб сајт како алатка“, стои во соопштението.

Една од најважните цели на компанијата, како што се наведува, е да го доближи поимот веб сајт до секој граѓанин, без разлика на техничките знаења. Во јубилејната 2016-та, МКхост го продолжи својот раст и ја има својата најпредизвикувачка година во постоењето. Се изврши целокупен ребрендинг на визуелниот идентитет, а се продолжи во насока на зајакнување на техничката поддршка и ресурси потребни за брза и навремена услуга кон корисниците. Моменталната насока е кон долготрајно планирање и развој на брендот и елементи кои се од клучен аспект за понатамошно проширување.

“Целокупниот досегашен успех и просперитет МКхост го темели на посветената работа, напредок и иновации. Но, сето ова би било залудно доколку не постоеја нашите лојални корисници. Затоа, овој јубилеј го посветуваме токму на нив. Оние чии сугестии, критики и нови идеи, за нас претставуваат мотивација за развивање и имплементирање на дополнителни услуги кои уште повеќе го доближуваат онлајн светот до поголемо окружување“, стои подолу во соопштението.