Младите работници не сакаат пинг-понг и теретани на работа: Бараат само едно, а што велат газдите?

123

Пред десетина години пинг-понгот имаше предност кога станува збор за канцелариските „погодности“. Големите технолошки компании, кои се пофалија со бенефиции на работното место, како масажи, гурмански ручеци, кафулиња и видео игри, беа „концепт“ и предмет на завист. Тие бенефиции ги привлекуваа вработените, па изгледаше дека вреди да се патува на работа еден час или повеќе, секој ден.

Но, бидејќи поголемиот дел од работната сила се пресели од канцелариите во своите домови во текот на 2020 година, ваквите бенефиции исчезнаа, што ја правеа работата во споменатите компании (на пр. Google) посебно.

Прашањето е како сега да се вратат работниците во канцелариите?

Некои понудија виртуелни „среќни часови“ или активности за тим-билдинг, како половична замена. Додека некои работодавци се обидуваат да ги намамат вработените назад во физичките канцелариски простори, обидувајќи се да ја „продадат приказната“ дека канцеларијата е одлична за „соработка“, сепак можеби тие веќе не пијат „нафта“ како порано.

Па затоа компаниите се враќаат на придобивките. Според неодамнешното истражување на CBRE, за комерцијални недвижности, 60% од големите компании ширум светот ги редизајнираат своите канцеларии за да го направат враќањето попривлечно за работниците. Некои градат аудиториуми; други се одлучуваат за отворени простори. Речиси 70% од нив имаат баристи или кафулиња.

Но, по повеќе од една и пол година работа на далечина, дали тоа навистина го сакаат луѓето?

За некои, одговорот е да. Овие придобивки се важни и можат да влијаат на тоа каде сакате да работите. Сепак, тоа се главно луѓе кои веќе беа ентузијасти од идејата да се вратат во канцеларија, по изолација и карантин; оние кои бараат социјализација на работа и физички работен простор. Од друга страна, има многу кои не мислат така.

Пример се помладите работници, огромното мнозинство од нив. За нив, овие придобивки изгледаат како половичен обид да ги вратат луѓето во канцеларија. За нив, работењето на далечина фундаментално го промени нивниот однос кон работата и таквата флексибилност им одговара. Дури и кога станува збор за бројот на работни денови, односно часови во текот на една недела – се чини дека работодавачите ќе треба да направат компромис.

Ниту едно бесплатно кафе не може да ја замени слободата што ја имаат додека работат од дома. Ниту една канцелариска теретана или гурмански ручек не може да ги надмине нивната прошетка низ соседството, тишината на домашната канцеларија, времето што го поминуваат со семејството, нивната новооткриена продуктивност или подоброто ментално здравје.

Според студијата на Државниот универзитет во Канзас, помладите работници (на возраст од 21 до 34 години) повеќе ја ценат почитта отколку забавата на работа. Ова значи дека генерацијата Z и милениумците повеќе се грижат за почитување на нивните менаџери и колеги и за комуникација со почит, отколку за пинг-понг маси, бесплатни ручеци и друштвени игри со тимот.

Но, не се само оние кои се борат против традиционалните канцелариски погодности. Според Glassdoor UK, околу 60 отсто од вработените сега ставаат поголем акцент на придобивките поврзани со физичката и менталната благосостојба, како што се приватната здравствена заштита и пристапот до онлајн терапија.

Додека бесплатните услуги за перење алишта или стриминг можат да бидат одлични, современите вработени бараат поволности што им служат на нивниот нов, холистички начин на работа. Тие сакаат бенефиции што им носат придобивки кога не работат во канцеларија, кои ги ценат како холистички човечки суштества, а не само како работници во компанијата. Тие сакаат просперитет, автономија и поддршка – и ако работодавците сакаат да продолжат, можеби ќе сакаат да ја заменат масата за пинг-понг со флексибилно работно време.