Млекара Здравје Радово со поддршка за децата со аутизам

87

on.net.mk_453945Компанијата Здравје Радово донираше финансиска помош за децата заболени од аутизам.

“Со искрени намери како дел од својата платформа за општествена одговорност, компанијата Здравје Радово одвои финансиски средства да се поддржуваат активностите и проектите на Здружението на граѓани Во мојот свет, со цел да се подигне јавната свест за оваа болест за помош на аутистичните деца”, се вели во соопштението на млекарницата.

Здравје Радово е позната по производство на здрави млечни производи кои ги содржат сите потребни состојки што се неопходни за правилен раст и развој на децата, а исто така се балагодет и за возрасните.

“Секоја компанија сметам дека треба да одвојува средства за хумани цели. Сите треба да бидеме одговорни кон ова општество, и како поединци и како компании. Не рекле џабе раката што дава не се суши и така е. Затоа мора да постојат луѓе или компании кои би финансирале проекти за подигање на јавната свест за одредени болести, за да може да се превенираат и во најраната возраст”, изјави Јован Дабовски, директорот на Млекара Здравје Радово.