ММФ: Глобалните економски перспективи и понатаму се многу неизвесни

29

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева изјави дека глобалните економски перспективи остануваат крајно неизвесни, имајќи ја предвид пандемијата на коронавирусот и зголемениот јаз меѓу богатите и сиромашните земји, што бара од ММФ да најде дополнителни средства за поддршка.

На виртуелна прес-конференција, Георгиева најави ново одобрување на “валутата“ на ММФ, односно специјални права за повлекување, што ќе им обезбеди на земјите поголем фискален простор за решавање на здравствената криза и за забрзување на преминот кон дигитална и зелена економија.

Шведската министерка за финансии Магдалена Андерсон, новата претседателка на Управниот одбор на ММФ, истакна на заедничката прес-конференција со Георгиева, дека е сосема јасно оти потребата за ликвидност е сè уште висока и ќе се консултира со земјите членки околу опциите за зголемување на ликвидноста.

Георгиева нагласи дека ММФ рапидно го зголеми концесиското финансирање на пазарите во развој и економиите во развој, што вклучува донации од околу 20 милијарди долари во постоечките специјални права за повлекување. Тој вид на финансирање, додаде таа, ќе продолжи да игра важна улога, но потребни се натамошни чекори. 

Фото:Facebook