ММФ ја намали прогнозата за глобален раст на 3,6 отсто за 2022 и 2023 година

27

Меѓународниот монетарен фонд ја намали прогнозата за глобален раст на 3,6 отсто во 2022 и 2023 година, што е за 0,8 процентни поени и 0,2 процентни поени помалку, соодветно, отколку што предвиде во јануари.

Инаку и Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина.

Претседателот на Советот на министри Дејвид Малпас објави дека банката ја намалила прогнозата за раст за 2022 година од 4,1 отсто на 3,2 отсто, при што забавувањето на растот е главно во Европа и Централна Азија.

Светската банка (СБ) работи на формирање фонд за итни случаи од 170 милијарди американски долари за помош на најсиромашните земји кои се опфатени од повеќе кризи.