ММФ ја смени проекцијата за 2021 година: Прогнозира глобален раст од 5,5%

34

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата на глобалниот раст за 2021 година за 0,3%, на 5,5%, изјави главната економистка на ММФ, Гита Гопинат при претставувањето на јануарскиот извештај Светски економски изгледи 2021.

Таа наведе дека е сменета проекцијата на овогодишниот раст во однос на октомври минатата година поради очекуваното зголемување на деловните активности во текот на годината, по вакцинацијата против Ковид-19, како и поради дополнителните пакети за поддршка на економијата и граѓаните во неколку големи економии.

Во исто време ММФ ја намали проценката на минатогодишниот глобален пад за 0,9% на 3,5%.

За 2022 година се предвидува растот на светската економија да изнесува 4,2%.

Фото: Pixabay