ММФ: Пандемијата годинава ќе го подигне нивото на глобалниот долг

22

Пандемијата ќе го зголеми глобалниот јавен долг оваа година, но поголемата потрошувачка во услови на стабилна вакцинација е најбрз начин за нормализирање на државните финансии, соопшти Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

ММФ во својот извештај Фискален монитор за 2021 година наведе дека со ставање на пандемијата под контрола со брза вакцинација на глобално ниво, до 2025 година приливот на даночни приходи во развиените економии би можеле да се зголемат за милијарда долари.

За да може истото сценарио да се примени на економските прогнози на фондот, глобалниот бруто домашен производ би можел да се зголеми за девет милијарди долари во истиот период, бидејќи би било забрзано повторно отворање на компаниите и вработувањето, се оценува во извештајот на ММФ, пренесува Ројтерс.

ММФ и Светска банка во текот на виртуелните состаноци на овонеделниот заеднички пролетен состанок ги охрабруваат земјите членки да продолжат со фискална поддршка на своите економии и ранливи социјални групи и на компаниите додека пандемијата не биде под цврста контрола.

Фото: Pixabay