ММФ предупредува на значителни ризици за глобалниот раст поради тензиите меѓу Кина и САД

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денес предупреди за „значајни ризици од пад“ за глобалниот економски раст поради новите тензии меѓу Кина и Соединетите Американски Држави.

Директорот на Одделот за Азија и Пацификот во ММФ, Кришна Сринивасан, изјави дека евентуалното воведување повисоки тарифи и прекини во синџирите на снабдување би можеле да го намалат глобалниот раст за 0,3 процентни поени, објави Блумберг.

Кинеско-американските односи неодамна повторно се влошија откако Соединетите Американски Држави ги проширија технолошките ограничувања и предложија воведување тарифи за кинеските бродови што влегуваат во американските пристаништа.