ММФ со предупредување: Не ги замрзнувајте цените, тоа е само краткорочно решение

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека владите ширум светот мора внимателно да реагираат на зголемувањето на цените на енергијата и храната за да ги заштитат граѓаните и економијата, без да ги загрозат јавните финансии или дополнително да ја поттикнат инфлацијата.

Економистите на ММФ, Пјер-Оливие Гуринча, Борха Грација, Делфин Пради и Родриго Валдес, во својата анализа наведуваат дека сегашниот енергетски шок, предизвикан од војната на Блискиот Исток и зголемувањето на цените на нафтата и гасот, е класичен негативен шок на понудата што ја зголемува инфлацијата и го забавува економскиот раст.

ММФ оценува дека владите не треба да се обидуваат целосно да го запрат растот на цените преку широки субвенции и замрзнување на цените, освен во исклучителни ситуации, бидејќи таквите мерки можат да бидат многу скапи и тешки за одржување, како и дополнително да ја зголемат глобалната побарувачка за енергија.