ММФ: Стимулациите на Бајден можат да го зголемат БДП на САД за 5%

35

Пакетот економски стимулации од 1,9 трилиони американски долари, предложен од американскиот претседател Џо Бајден, може да го зголеми американскиот БДП за 5% во следните три години, проценува главната економистка на Меѓународниот монетарен фонд, Гита Гопинат.

Таа изјави дека предложениот пакет според првичните проценки, би можел оваа година да ја зголеми економската активност во САД за дури 1,25 %.

Според најновите проценки на ММФ, се очекува економијата на САД да се зголеми 5,1 % оваа година, по падот од 3,4 % во 2020 година. За 2022 година се предвидува раст од 2,5 %.

Гопинат истакна дека ММФ не го вклучил влијанието на планираниот стимулативен пакет во пресметките и ќе почека да види што ќе прифати Конгресот на САД.

“Според првичните проценки, американската економија може да забележи раст кумулативно за пет проценти за три години, доколку биде усвоен пакет мерки во вредност од 1,9 трилиони долари“, изјави Гопинат по објавувањето на ажурираните проценки на ММФ за глобалната економија.

Фото: Pixabay