ММФ за македонската економија проектира раст од 3,8%

79

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува македонската економија оваа година да забележи раст од 3,8%, ревидирајќи ја својата претходна оценка од октомври, кога за земјава се очекуваа 5,5% раст.

За следната година, ММФ предвидува раст на бруто домашниот производ на Македонија за 4%.

Во априлските проекции преку извештајот Глобални економски изгледи 2021, ММФ проектира просечната инфлација за оваа година да биде 2%, а 1,5% за следната 2022-ра година.

Во однос на дефицитот на тековните плаќања, ММФ за Македонија предвидува 3,2% од БДП за оваа година од 3,5% колку што беше минатата година, а за следната година предвидува да се позиционира на 2,8%.

Кога се во прашање земјите од регионот, ММФ предвидува дека БДП на Црна Гора ќе биде највисок и ќе достигне 9%, по што следат: Турција (6%), Србија (5%), Хрватска (4,7%), Бугарија (4,4%) Босна и Херцеговина (3,5%) и Словенија (0,8%).

ММФ ја зголеми проценката за раст на глобалната економија за 2021 година на 6% во однос на јануарската прогноза од 5,5%.

Фото: Pexels