Mногу летови на Ryanair, за неколку години, ќе бидат бесплатни

22

Фото: Pixabay

За околу 10 години, сите летови на авиокомпанијата Ryanair ќе бидат бесплатни, пишува The Guardian.

Ова го најави шефот на Ryanair, Мајкл О’Рејли, кој смета дека неговата компанија од 2026 година ќе почне да заработува, но не од продажба на билети за летови.

Според него, патниците на Ryanair нема да плаќаат билет, па на тој начин ќе се привлечат голем број патници кои по аеродромите од кои и на кои ќе летаат со оваа авиокомпанија ќе трошат повеќе пари по продавниците, рестораните и кафулињата. Така, Ryanair ќе заработува од уделот во прометот што патниците ќе го остваруваат на самиот аеродром.

“Некои разговори на оваа тема веќе се започнати и тоа со помали локални аеродроми во Европа, на кои им е во интерес да се донесат што е можно поголем број на туристи, но и да се оствари поголем промет. Вакво нешто можеби нема да се случи на аеродромот Heathrow или на некој друг поголем, но мислам дека ова може да биде честа пракса на помалите регионални аеродроми на кои им е во интерес да го зголемат прометот“, вели тој.

Со ова, како што вели О’Рајли, значително ќе се намалат цените на аеродромските такси и надоместоците, бидејќи разликата во надоместокот ќе го зголеми прометот на патниците.

Просечната цена на билетите на Ryanair сега е околу 46 евра, за во план е таа цена да се намали за 10 до 15%.