Mobile – масичка што безжично полни паметни уреди

16

c3f4fd552d8c488871a247f6715bc2f3_original

Фото: Kickstarter

Mobile е водоотпорна, мултифункционална масичка, што ги полни сите типови на уреди без користење на било какви кабли.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Милано, Италија, а идејата за него креаторите Лудвико и Франческо, ја добиле во јуни минатата година.

Mobile може да се користи на два различни начини, со кабел директно поврзан со DC адаптер од 5V, или со вградениот power-bank од 20.000 mAh со којшто Mobile може да се премести на било кое место.

Масичката е комплетно рачно изработена од висококвалитетно дрво и ја има во триаголна форма или во форма на коцка.

Производот има своја кампања на платформата Kickstarter и досега има собрано  6.607 долари од потребните 41.636 долари, а кампањата трае уште 24 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во септември годинава.