Мобилен токен – нова услуга на Охридска банка Сосиете Женерал

27

ohridska-banka-580x219

Во насока на дигитализација на своите производи и услуги и што поголема достапност на корисниците до истите, Охридска банка Сосиете Женерал воведува нова услуга во своето портфолио, мобилен токен М – токен, стои во соопштението.

М – токен е софтверска апликација која што се инсталира и се користи преку мобилен уред и служи за идентификација на корисникот и потврда на трансакции во системот за електронско банкарство за физички лица на Охридска банка Сосиете Женерал. Услугата којашто е замена за досегашниот хардверски ОТП токен уште повеќе ќе го олесни пристапот на корисниците до сите банкарски услуги.

Предностите што ги нуди оваа апликација се: лесен и сигурен пристап до електронското банкарство за физички лица, едноставен и јасен кориснички интерфејс, бесплатна активација и бесплатно користење на апликацијата, лесна дистрибуција на активациски кодови и интернет конекција којашто е потребна само при активација на услугата. Користењето на апликацијата и генерирањето на еднократните лозинки е едноставна, не е потребна интернет конекција и може да се прави во било кое време.

Апликацијата М – токен е бесплатна за сите корисници и може да се симне преку Google Play Store или Apple App Store. Истата поддржува верзии на оперативните системи Android и IOS не постари од Android 4.2 и IOS 6.1. Услугата М – токен на Охридска банка Сосиете Женерал е достапна на македонски, албански и англиски јазик.

Со воведување на нови иновативни услуги, Охридска банка Сосиете Женерал уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации со цел на своите корисници да им овозможи  современи, брзи, едноставни и безбедни банкарски решенија.