Мобилна апликација ги детектираа фабриките во Кина што го загадуваат воздухот

85

aplikacija za zagaduvanje na vozduhot

Кина е земја која се соочува со серизни проблеми поврзани со загадувањето на воздухот, па затоа сака податоците за загадување на околината да ги направи јавно достапни, благодарение на паметните телефони.

Институтот за јавни работи и заштита на животната средина на Кина ја лансираше апликација за паметни телефони која покажува кој индустриски загадувач во реално време го загадува воздухот на одредено место, а овозможува да се следи квалитетот на воздухот во 190 градови во земјата, пренесува Washington Post.

Податоците се ажурираат на секој час, а сите фабрики се означени на картата. Доколку некоја од фабриките го зголеми загадувањето, на мапата нејзината локација се означува со црвена точка.

Апликацијата покажа дека само во еден ден над 370 кинески индустриски капацитети го надминале дозволеното ниво за испуштање штетни гасови во атмосферата, што упатува на големо загадување на воздухот.

“Доколку забележите дека квалитетот на воздухот во вашиот град е на ниско ниво, оваа апликација веднаш ќе ви помогне да го лоцирате загадувачот, односно фабриката што во моментот емитува штетни честички во воздухот“, вели Гу Беибеи, проект менаџер во Институтот.

Тамошното Министерство за животна средина бара од над 15.000 индустриски капацитети да го пријават своето загадување на воздухот во реално време. Од почетокот на годината, кинеската влада бара податоците јавно да се објават, а некои од провинциите веќе изготвија свои веб страници на кои редовно се ажурираат податоците за загадувањето.

Оваа апликација е голем чекор кон обединување на сите податоци на едно место, а во исто време да бидат достапни на поголем број на граѓани.