Мобилна апликација на Халк Банк за правни лица

55

halkbank

За полесен и побрз пристап до услугите на Халк Банк за правни лица, изработена е бесплатна мобилна апликација.

Најавувањето на апликацијата, како што се наведува во соопштението, се врши со корисничко име и лозинка кои сами ги креираат преку користење на постоечкиот е – банкинг сервис за правни лица.

Ваквиот тип на мобилна апликација, како што стои во соопштението, за прв пат се воведува во Македонија.

Апликацијата овозможува: увид во светмки и платежни картички, преглед на налози на чекање и на пратени налози, курсна листа, извршување на плаќање преку користење на ПП30 и ПП50 шаблони (претходно пријавени во најблиската филијала), лоцирање на најблиски банкомати и филијали, промена на лозинка и 24/7 телефонски контакт со банката.

Апликацијата може да се користи на таблети и мобилни уреди со iOS и Android оперативен систем.