Мобилна куќа од 16 квадрати што може да ја монтирате сами

157

kuka

Руското архитектонско студио BIO architects претстави мобилна куќа DD16, којашто е може да се монтира на непристапни локации во екстремни климатски услови, пишува Arch Daily.

Во простор од 16 метри квадратни сместен е тоалет со туш, брачен кревет, плакари, трпезариска маса и кујна. Иако квадратурата е мала просторот не изгледа тесно поради големите прозори коишто пропуштаат природна светлина, а завршните материјали во ентериерот и боите може да се менуваат по желба на купувачот.

ezero

Првата тест куќа инсталирана е на езеро во близина на Москва минатиот ноември. Куќата може да се расклопи и да се пренесе на друго место. Статички е проектирана да може да се закачи на кука и да се пренесе со кран или хеликоптер на саканата локација, а може да ја монтира една личност.

Прототипот е дизајниран по мерка на туристите и авантуристите така што секој елемент е внимателно урамнотежен за куќата да биде лесна и мобилна. Како изолација се користи полиуретанска пена, а на фасадата и кровот се поставени алуминиумски панели.

Фото: BIO architects