Мобилна телевизија од 40 ТВ канали достапни на телефон, таблет или компјутер

26

vip now

Од денеска, Вип воведува нова услуга за своите постпејд корисници со којашто ќе можат да ги гледаат омилените телевизиски програми каде и да се. Со новата услуга Vip NOW, корисниците ќе можат да ги следат лесно и едноставно ТВ содржините директно на својот мобилен телефон, таблет или компјутер, стои во соопштението.

Со симнување на апликацијата Vip NOW корисниците добиваат 40 ТВ канали (локални и интернационални) во живо, ТВ распоред за седум дена наназад и три дена однапред, ќе можат да се навратат на емитуваната програма за изминатите седум дена на сите ТВ канали, да снимаат содржина во времетраење до 10 часа која останува достапна во текот на три месеци, како и да ја користат Видеотеката (филмови и серии достапни во каталогот) со неограничено гледање на достапните содржини. Апликацијата е достапна за Android и iOS оперативните системи.

Услугата Vip NOW е достапна за сите корисници на Vip Постпејд, и може да се активира единствено онлајн при што првиот месец услугата се користи бесплатно и истата може да биде исклучена во секое време. По првиот месец, користењето на услугата се наплатува со месечна претплата од 299 денари на Вип Постпејд сметката.