Мобилни даночни шалтери на УЈП пред Општина Аеродром

11

mobilni-500x320Пред зградата на Општина Аеродром, Управата за јавни приходи денес постави мобилни даночни шалтери.

Преку опремено комбе како даночна канцеларија, граѓаните и фирмите ќе можат да ги добијат сите даночни услуги и информации, да ги достават сите видови даночни пријави и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП, без да го напуштат своето место на живеење.

Оваа активност се спреоведува со цел да се олесни даночната процедура, да се заштеди на време и трошоци за исполнување на даночните обврски и  да се обезбеди брз и лесен пристап до даночните услуги за граѓаните, соопшти Општина Аеродром.