Moby Mart, мобилна продавница на тркала во Шангај

56

store

Фото: Facebook

Шведската старт – ап компанија Wheelys, којашто развива продавници без каси и продавачи, на почетокот на годинава тестираше ваква продавница во Шангај, а сега претстави концепт за автономна продавница на улиците во овој град.

Moby Mart е мобилна продавница на тркала и има големина на мал автобус. Продавницата ќе користи вештачка интелигенција и компјутерска визија за да се движи низ улиците на градот. Сегашниот прототип е контролиран од страна на луѓе. Оваа продавница носи основни намирници како свежа храна и списанија, а во неа нема касиери и долги редици. Купувачот треба само да го скенира производот што го зема, а Moby Mart апликацијата автоматски ќе направи трансакција, пишува The Verge.

Wheelys во развојот на автономната продавница соработува со кинескиот универзитет и најавува дека продавницата сама ќе ја обновува залихата, а клиентите ќе може сами да ја повикаат продавницата.