Модел кој ја засени 4-дневната работна недела: Дали повеќе им одговара и на шефот и на работникот?

80
Голем дел од работниците ширум светот работат од далечина скоро една година, а светот донекаде го прифати овој нов деловен модел. Сепак, сè уште се поставува прашањето што ќе се случи кога ќе помине пандемијата?

Некои со нетрпение очекуваат да се вратат во канцеларијата, додека други негодуваат затоа што се навикнати да работат од удобноста на нивниот дом и некои од привилегиите што ги имаат со тоа (на пример заштеда на време и пари за храна на работа).

Сепак, на крајот сè ќе зависи од работодавачот, менаџментот, со делумно почитување на желбите на работниците. Долго се зборува за работна недела од четири дена, односно за пократок работен ден – шест или седум часа работа, наместо осум.

BBC деновиве пишува дека некои компании имаат намера да се вратат на стариот ритам кога сè ќе помине, додека други размислуваат за алтернативни решенија: едно од нив е моделот “3-2-2“, што значи одење на работа три дена во неделата, потоа два дена работаод дома и два дена одмор.

Фокусот тука е на флексибилноста затоа што вработените можат подобро да ги распоредуваат и балансираат своите животи. Овој модел најпрво може да стане практика по кризата, во споредба со другите работни структури, бидејќи опфаќа пет работни дена во неделата.

Сè зависи од компанијата

Бидејќи работното време од овој тип не е предвидено со закон, секоја компанија го задржува правото да организира работно време како што сака. Секако, во согласност со планираните 40 часа работа неделно и / или дополнително платената прекувремена работа.

Да речеме дека моделот “3-2-2“ најпрво може да биде прифатен од големите компании, со стотици или дури илјадници работници. Во такви колективи, предизвик е да се одржи дистанца и да се води сметка за хигиенски мерки.

Но, поентата е велат експертите дека компаниите сè повеќе ќе ги почитуваат правата и желбите на работниците, бидејќи се покажало дека нивната благосостојба е важна за директорите.

Додека моделот “3-2-2“ се појави во време на коронакризата, системот на работа од четири дена во неделата не е нов, но не е и толку добар како што изгледа. Тој предлог постои околу 50 години. Или работниците премногу се релаксираа за време на трите дена одмор, или би работеле повеќе од осум часа на ден за да го надоместат изгубениот ден.

Фото: Freepik