Модната куќа Chanel именува нова извршна директорка

56

Во француската модна куќа Шанел, за извршен директор на оваа компанија беше назначена Лина Наир. Кариерата на Лина Наир одбележа 30 години во Унилевер, а некои од позициите што ги имаше во фирмата во последните години беа директорка за човечки ресурси и член на одборот.

Оваа Британка со индиско потекло е една од ретките која стигнала до толку важна позиција во луксузниот бренд, пишува Ројтерс.

Францускиот милијардер Ален Вертхајмер, кој ја дели сопственоста на Шанел со неговиот брат Жерар Вертхајмер, привремено ја извршуваше функцијата извршен директор, а по назначувањето на Лина Наир, тој ќе премине на позицијата претседател на извршниот одбор.

Лина Наир, која кариерата ја започна како практикант во фабрика, доаѓа на позицијата извршен директор на оваа компанија во време кога модната индустрија се соочува со притисок да ги направи своите брендови поинклузивни.