Модното мени на хотелот Mandarin Oriental

65

Познатиот хотел Mandarin Oriental во Хонг Конг направи вкусни “модни” задоволства во стилот на новата пролетна колекција на британската куќа за висока мода Jimmy Choo.

mandarin-oriental-teams-jimmy-choo-for-drool-worthy-afternoon-tea-set_1

На модното мени можат да се најдат сендвичи со чаден лосос, кисели краставички и крем сирење, реплика на вечерната чантичка CAYLA, високи потпетици од паштета на крцкави лепчиња и сендвичи со крем од шунка сервирани во Savora сенф.

Слатките пак ги има во обликот на бели чоколадни чанти полнети со крем од личи, роза и малини. Потпетици од млечна чоколада со лимон и чоколадни бисквити, колачиња од типот на Chupa Chup макаронс полнети со крем од манго, зелен чај, јагоди и многу други егзотични филови.

landmark-offer-jimmy-choo-tea

Попладневниот чај кој оди со овие вкусни модни задоволства чини 27,6 евра за еден. Сите гости кои ќе го порачаат ова мени добиваат специјален подарок од Jimmy Choo.

Целиот ексклузивен Jimmy Choo L900 пакет чини 1.162 евра и вклучува една ноќ во лукзузниот L900 апартман, попладневен чај за двајца во барот MO и Jimmy Choo чевли по избор во вредност до 500 евра.