Modobag – моторизиран куфер што може да се вози

25

Претприемачот од Чикаго, Кевин О’ Донел го креираше првиот моторизиран куфер што сопственикот може да го вози. Проектот веќе има своја кампања на платформата за собирање средства Indiegogo, каде има собрано над 175.000 од првично побараните 50.000 долари.

Освен што е куфер, Modobag е истовремено и подвижен полнач, а со него патувањата ќе бидат побрзи, корисникот секогаш ќе знае каде му се работите и нема да се препотува трчајќи по летот на аеродром. Куферот има и специјални џебови за лаптоп, телефон и таблет.

lastimageforfeatures2-7646

Го движи електричен мотор од 150 вати што може да помине далечина од 13 километри, а неговата максимална брзина е 12,87 километри на час. Батеријата на Modobag може да се наполни до 80% за 15 минути, а целосно за помалку од еден час. Куферот може да издржи товар до 118 килограми, но е доволно компактен ако одлучите да го носите. Неговите димензии се 56 x 23 x 35,5 сантиметри, па корисникот не мора да го пријави како багаж.

Дури 85% од куферот е слободен простор, а истиот доаѓа со GPS, со што корисникот може да го пронајде преку специјална Modobag апликација. Овој изум планирано е да се најде на пазарот во јануари следната година по цена од 1.295 долари.