Мој пат – апликација за пријавување недостатоци на патиштата

40

moj-pat

Фото: Mojpat.mk

Преку бесплатна мобилна апликација и веб платформа во рамки на проектот Мој пат сите групи учесници во сообраќајот ќе ги идентификуваат и ќе ги пријавуваат недостатоците на локалните магистрални и регионални патишта во државата, јавува Миа.

Проектот го спроведува Автомото сојузот на Македонија со поддршка на министерствата за транспорт и врски и за внатрешни работи и Јавното претпријатие за државни патишта. Целта е да се придонесе за квалитетна патна инфраструктура и безбеден сообраќај за сите учесници.

Недостатоците што ќе бидат пријавувани во иднина се очекува да се отстрануваат согласно приоритетите и капацитетите на надлежните институции.

Како што најавија од АМСМ, сите пријавени недостатоци ќе ги доставуваат до надлежните институции за нивно отстранување. Притоа, корисниците на мобилната апликација и на веб платформата ќе можат да го следат статусот на пријавените недостатоци на патиштата до нивното конечно отстранување.

АМСМ апелира граѓаните да ја користат бесплатната мобилна апликација Мој пат којашто е наменета за андроид и iOS базирани мобилни телефони или да ја користат платформата www.mojpat.mk.