МојДДВ #МојаНаграда: Ова е среќниот добитник на 3.000.000 денари

1101

Дејан Петков  од Штип е среќниот добитник на една од двете главни награди од по 3.000.000 денари, (скоро 50.000 евра) од наградната игра МојДДВ #МојаНаграда.

Во период од 15.12. 2019 година до 15.03. 2020 година биле скенирни 41.355 591 фискални сметки.

Досега беа извлечени 30 добитници на награди од по 100.000 денари, а секојдневно се доделуваат награди од по 1000, 2000 и 3000 денари.

Наградите се влечат електронски, известувањето се добива веднаш по скенирање на сметката. На месечно ниво предвидено е доделување на 15 награди по 100.000 денари, а освен денешната награда, уште една главна награда треба да биде извлечена на 19-ти декември 2020 година.

При новонастанатата ситуација со Ковид -19 и апелот да останеме дома, набавката за потребни намирници сè уште постои. Па затоа при купување, покрај скенирање на фискалните сметки, апелираме и да се придржувате до препораките од Министерството за здравство.