МојДДВ#МојаНаграда: Вечерва извлекување на 15 награди од по 100.000 денари

536

Граѓаните кои скенирале фискални сметки од први до 31 јануари, денеска може да очекуваат да бидат меѓу 15-те најсреќни граѓани кои ќе добијат по 100.000 денари од наградната игра МојДДВ#МојаНаграда.

Јавното извлекување ќе се случи вечер на Канал 5 телевизија, по завршувањето на наградната игра Лото, при што ќе бидат познати добитниците на 100.000 денари од второто коло од наградната игра МојДДВ#МојаНаграда.

Во првото коло на наградната игра МојДДВ #МојаНаграда учествуваа 132.261 граѓанин, кои скенирале вкупно 5.398.855 сметки. Ова беше прво од 12 месечни извлекувања на 15 награди од 100.000 денари, со електронски генератор по случаен избор.