Фото: MojKrojac
MojKrojac.com е интернет страница преку којашто корисниците може сами да дизајнираат кошула по сопствен избор, како и да учествуваат во изборот на материјалите и во одредување на цената, пишува Bizlife.
Станува збор за старт – ап на брачната двојка Мирјана и Милош Илиќ од Србија.
“Желбата на пазарот во Србија да се воведе нов бизнис концепт на Tailor made облека, лични амбиции, желбата за самостојност и успех се главните мотиви за овој концепт“, вели Милош.
Концептот MojKrojac е лансиран во 2011 година, кога и официјално е отворена нивната семејна фирма M Tim во Белград.
Цените на кошулите ги формира клиентот во зависност од материјалите што ќе ги избере, а на располагање им стојат различни материјали, специфични својства и дезени коишто може да се комбинираат.