MojPorez.ba – апликација што пресметува колку данок плаќаат луѓето

44

digitron

MojPorez.ba е интернет платформа којашто на едноставен и интересен начин им овозможува на граѓаните на Босна и Херцеговина да утврдат колку плаќаат за даноци, придонеси и слично, на месечно и годишно ниво. Станува збор за образовна онлајн алатка што овозможува лесно пресметување на вкупните даноци што се плаќаат на годишно ниво, вклучувајќи пресметка на платени придонеси, данок на додадена вредност и акциза на гориво и луксузни производи, пишува Akta.

Секој граѓанин откако ќе ги внесе основните податоци за своите примања и трошоци, прво ќе дознае колку данок плаќа на годишно и месечно ниво и по кои основи. Потоа, ќе добие лична пресметка за јавни услуги, што ќе прикажува како и на што се троши неговиот данок (пензија, јавни услуги, патишта и автопатишта, заштита на животна средина…). На крај, оваа платформа на секој корисник ќе му го пресмета т.н. Ден на ослободување од данок, што претставува симболичен ден кога корисникот ќе престане да работи за плаќање на данок и ќе почне да работи за себе.

Оваа платформа ја промовираа Центарот за политика и управување и Здружението на граѓани “Зошто не“.