Mokase, футрола за мобилен што подготвува кафе

20

mokase

Фото: Kickstrter

Mokase е футрола за мобилен телефон што може да подготви кафе, дизајнирана од италијански инженери. Футролата функционира на тој начин што во неа се става специјален еспресо филтер којшто за пет до осум секунди се загрева со помош на батеријата која се наоѓа во футролата. Батеријата се полни со стандарден USB кабел.

Mokase, кафе од 25 милилитри може да загрее до температура помеѓу 50 и 60 степени Целзиусови. На врвот на футролата се наоѓа мала цевка направена од алуминиум и силикон што се справува со жешката течност без ослободување на сите токсини, пишува The Verge.

Футролата одговара на телефоните Apple, Samsung, Huawei и LG. Со футролата купувачите добиваат и специјална чашка што се склопува. Футролата е достапна во црна и бела боја. Поставена е на платформата за групно финансирање Kickstarter, каде треба да собере 75.000 евра, а до крајот на кампањата остануваат уште 41 ден.