Моќна батерија добиена од рециклирани стаклени шишиња

432

stakleni-sisinja-pixabay

Тим научници од Универзитетот во Калифорнија Риверсајд од рециклирани стаклени шишиња прават наносиликонски аноди што даваат повисоки перформанси на литиум – јонските батерии.

“Започнавме да користиме материјал што е широко распространет и создадовме батерии што складираат повеќе енергија, полесно се полнат и се постабилни за разлика од другите. Оттука, имаме кандидат што ветува многу за следната генерација на литиум – јонските батерии“, вели Џанглинг Ли, дипломиран студент по инженерство.

Овие иновативни батерии би можеле да се користат за различни електрични возила и се очекува да обезбедат повеќе енергија со помалку полнење. Силиконските аноди собираат до 10 пати повеќе енергија од традиционалните графитни аноди.