Моќта на интровертните луѓе

516

Многу интровертни луѓе иако веќе се професионалци во своето поле, имаат потешкотии да напредуваат во кариерата токму поради тоа што не сакаат да бидат во центарот на вниманието. Според психолозите, не е точно дека треба да бидете гласни и видени за да постигнете блескав успех.

Еве како интровертите можат својата “тивка страна“ да ја направат супер моќна.

Бидете тоа што сте

Најчесто овој тип на луѓе се одлични слушатели, решавачи на проблеми и имаат изразено чувство на емпатија. Многу е важно да бидете свои, автентични и да ги насочите овие карактеристики онаму каде што треба.

Емпатијата како супермоќ

Луѓето сакаат да ги “почувствувате“ нивните проблеми и веруваат на оние кои умеат да ги разберат. Ова е одлика на многу лидери и токму затоа треба да ја искористите и на работното место, со колегите, клиентите па дури и со претпоставените.

Поинакви средби

Кога се организараат разни средби однапред барајте мејл со подготвени прашања на коишто ќе треба да дадете одговори за време на состанок. Доколку вие сте организатор, составете концизен план по којшто ќе се водите. Така ќе бидете подготвени за секоја ситуација и сите ќе бидат задоволни од крајниот исход.

Место што одговара

Интровертните личности умеат одлично да решаваат проблеми и критички да размислуваат. Токму тоа најмногу се бара во секоја компанија и кај секој вработен. Но, со оглед на тоа што овие личности не сакаат  да го “креваат својот глас“ треба да се фокусираат на организации и работни места што негуваат малку поинаква корпоративна култура.

“Преземање“

Најценети карактеристики во комуникацијата се слушање, позитивен став, соработка, искреност, доверба и пристапност. Тука можат да се пронајдат многу интровертни луѓе и на суптилен начин да ја “преземат“ водечката улога во комуницирањето, односно да бидат оние кои ќе воспостават значајни релации  и соработки со важни и успешни личности.

Фото: Pexels