Моќта на исполнетата желба е посилна од сè

23

lions-klub

По повод 29-ти април – Меѓународен ден на желбите, ЛК Дуња на трети мај од 20 часот во Клуб 43, организира хуманитарен настан под мотото Моќта на исполнетата желба е посилна од сè.

Целта на настанот е да се соберат средства што ќе бидат наменети за исполнување желби на тешко болните дечиња кои се лекуваат на Одделот за онкологија на Клиниката за детски болести.

Помогнете со Вашето присуство да исполниме што повеќе желби, да го разубавиме секојдневието на дечињата кои боледуваат од тешки болести зошто Моќта на исполнетата желба е посилна од сè.