МОЛ и нуди на Хрватска да го откупи уделот во ИНА

52

ina molУнгарската нафтена компанија МОЛ и понуди на Хрватска да го откупи уделот во ИНА, а доколку хрватската влада не сака да го откупи, ќе го понудиме на некој друг, изјави потпретседателот на управниот одбор на МОЛ, Сандор Ксани.

“Продажбата на уделот во ИНА не е во интерес на МОЛ, но ако нема друго решение, сакаме да бидеме чесни. Знаеме дека оваа компанија е клучна за Хрватска, дел од нејзиниот национален идентитет и затоа и понудивме да го откупи. Ако во Загреб не сакаат или не можат да го купат нашиот дел, ќе го продадеме на некој друг. Во тој случај МОЛ ќе бара друга можност за инвестирање, но не во регионот”, изјави Ксани за унгарското издание на Форбс, пренесуваат хрватските медиуми.

Од хрватската влада претходно изјавуваа дека државата нема ниту намери ниту пари за откуп на 49% акции што се во сопственост на МОЛ.

Хрватскиот министер за економија Иван Врдољак оценува дека начинот на комуникација на МОЛ со хрватската Влада преку изјави и интервјуа ги преминува границите на пристојност.