MOL сака да го продаде уделот во ИНА?

49

ina molУнгарската нафтена компанија MOL уште еднаш ќе се обиде да ја поттикне хрватската страна на соработка околу хрватската нафтена компанија ИНА, но доколку не успее, MOL сака да го продаде својот удел во ИНА, изјави за австриската новинска агенција АПА високопозициониран службеник во MOL, пренесува Бизнис.хр.

“Ако и после тоа се спречуваат одлуките, на пример за големи инвестиции, MOL планира да го продаде својот удел од 49% во Ина”, вели службеникот кој сакал да остане анонимен.

Државата Хрватска во Ина има 44% удели. Иако MOL нема мнозински дел во оваа компанија, според договорот од 2009 година има контрола над Ина. Хрватската влада има намера да го измени акционерскиот договор со MOL и за тоа да формира преговарачки тим на политичари и експерти, стои во текстот на агенцијата.